Локалната самоуправа врши чистење на речното корито на градската река во централното градско подрачје на потегот од мостот „Димо Нареднико“ па се до излезот на градот. „Со чистење на коритото на градската река ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од долниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
„Во моментот се чистат повеќе од 20 метри кубни нанос на речното корито во централното градско подрачје со што ќе се овозможи поголем проток на речното корито, ослободување на атмосверските канали кои се лоцирани на улицата „Димо Нареднико“, кракот на ул. „Алекснадар Македонски“ и колективните згради, кои со децении биле затрупани и правеа проблем, посочи Илија Карески раководител на Секторот за урбанизам.
Со ваквите заложби Општина Прилеп ќе го реши деценискиот проблем во градот Прилеп и со реализација на наредните фази, се очекува да бидат исчистени 300 метри во должина, со што ќе се добие комплетно уредување на коритото на градската река.„Со чистење на коритото на градската река ќе се намали и донесувањето