Се гради нова улица во општина Аеродром!Општина Аеродром во својата програма за тековнава година има предвидено изградба на улицата „Новопроектирана улица 4“ меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона.
Станува збор за проект кој опфаќа изградба на собирна „Новопроектирана улица 4“ во должина од околу 500 метри и широчина од 16 метри. На оваа локација е предвидена изградба на две сообраќајни ленти од по 6 метри, како и тротоари од двете страни на улицата од по два метри.
Претходно е изведена целосно нова фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, а исто така се предвидени и нови линии за јавно осветлување, така што се очекува овој дел од населбата да добие целосно нов и поурбан лик, а жителите на новите згради современи услови за живот.Општина Аеродром во својата програма за тековнава година има предвидено изградба на улицата „Новопроектирана улица 4“ меѓу новите