Во високиот дел на Осоговијата, на реката Масалница се градат два моста на Масалница коишто ги поврзуваат селата Главовица и Цера, односно општините Кочани и Македонска Каменица.– Мостовите се комбинација од армирано-бетонска и челична конструкција со крилни ѕидови од двете страни на поголемиот мост, во должина од 4 м. Подолгиот мост, чијшто распон е 8 м, е над реката Масалница, а пократкиот над суводолица односно над помал воден тек. Нивната ширина е 2,70 м. На подолгиот мост е предвиден бетонски праг како заштита од поткопување на столбовите. Мостовите ќе имаат заштитна ограда и преодни рампи – информира Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежното земјиште во Општина Кочани.
За изградбата на мостовите се наменети 1 милион и 220 илјади денари од Буџетот на Општина Кочани. Изведувач на работите е „Урбан градба Манолчо“ ДООЕЛ од Скопје.– Мостовите се комбинација од армирано-бетонска и челична конструкција со крилни ѕидови од двете страни на поголемиот мост, во должина од 4 м