сабота, 14 ноември 2026
Најново

Се гради ролерско-велосипедска патека од мостот „8 септември“ до вливот на Лепенец во Вардар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Екипи на Градот Скопје деновиве работат на изградба на ролерско- велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец во Вардар.Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација. На изградба на оваа ролерско-велосипедска патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со висина од по 7 седум метри.
Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, Градот Скопје ќе овозможи вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик.Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ,

Поврзани вести