По завршувањето на постапката за избор на изведувач и потпишувањето на договорот, претходната недела „Изградба ГТД“ ДОО Струмица започна со изведување на градежните активности околу изградбата на улицата „Даме Груев“ во Русиново.Како еден од доста важните проекти од патната инфраструктура за село Русиново, при увидот на градежните активности градоначалникот изјави дека преку овој проект на на 15-тина фамилии ќе им се реши проблемот со приодот до своите домови и калливиот пат.
Преку проектот улицата ќе се асфалтира во должина од 280 метри почнувајќи од раскрсницата со ул.„Јане Сандански“ пред куќата на Никола Сачевски во ширина од 3,5 метри со асфалтен слој БНХС16 со дебелина од 7 сантиметри.
Трупот на патот ќе биде оформен со тампонски слој од дробен камен со дебелина од 30 сантиметри, додека од двете страни на улицата ќе се постави и банкина со широчина од 0,5 метри.
На самата улица е предвидено и решавање на одводнувањето на атмосферските води, со што ќе се заштити целата должина на коловозната линија.
Преку засебен проект кон крајот на 2015 година извршена е и промена на водоводната линија на овој дел од улицата преку кој старите поцинковани цевки се заменети со ново полиетиленско водоводно црево.Како еден од доста важните проекти од патната инфраструктура за село Русиново, при увидот на градежните активности градоначалникот изјави дека прек