СЕ ИМ ПРОСТИЈА: ЕУ го одмрзна имотот на Милошевиќ

 ЕУ ја укина уредбата според која имотот на семејството на Слободан Милошевиќ беше замрзнат.
 Советот на ЕУ утврди дека членовите на семејството Милошевиќ и уште 7 српски генерали и офицери повеќе не се опасност за зацврстувањето на демократијата во Србија – пренесуваат белградските медиуми.
На списокот на оние кои веќе „не се закана за демократијата“ се екс претседателот на Србија Милан Милутиновиќ, генералите Драгољуб Ојданиќ, Мирослав Радиќ, Веселин Шљивавчанин и Миле Мркшиќ, екс премиерот на Србија Никола Шаиновиќ и поранешниот министер за внатрешни работи Влајко Стоиљковиќ.

 Кетрин Ештон во понеделникот предложи да биде укината уредбата 2488/2000 на Советот на ЕУ , според која во ЕУ беше замрзнат имотот на Милошевиќ и имотот на лицата од неговото опкружување.

– Со оглед на тоа дека Советот на ЕУ во меѓувреме утврди дека не постои повеќе причина за рестриктивни мерки против во додатокот на наведените лица, бидејќи тие веќе не претставуваат опасност за зацврстување на демократијата, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, и целата Европската комисија предлага да се  укине гореспоменатата одредба. Штом Советот на ЕУ го прифати овој предлог, и тоа се објави во Службениот весник на ЕУ,  ќе биде одмрзнат имотот на преостанатите лица, кои се до денес на листата на оние чии средства се замрзнати – се дознава од австрискиот парламент.
Советот на ЕУ утврди дека членовите на семејството Милошевиќ и уште 7 српски генерали и офицери повеќе не се опасност за зацврстувањето на демократ

Пронајдете не на следниве мрежи: