По барање на такси здруженијата и индивидуалните земјоделци од село Виничани Министерството за транспорт и врски денеска промовираше измени во Законот за патен превоз.Првата измена се однесува на семејните земјоделски стопанства кои немаат основано фирма, а имаат најмалку две возила кои ги користат за превоз на производите, истите ќе добијат потврда од Министерството.
-Со издавањето на потврдите всушност овие превозници ќе бидат легализирани со што ќе се избегнат казните кои досега ги добивале овие лица, изјави министерот Миле Јанакиески.
Носителот на семејно земјоделско стопанство кој ги исполнува условите од овој закон поднесува барање за добивање на потврдата за вршење превоз до Министерството за транспорт и врски, со доставување писмени докази за исполнување на условите пропишани со овој закон, а Министерството за транспорт ја издава потврдата најдоцна во рок од 30 дена по приемот на комплетното барање за издавање на потврдата.
Тој истакна дека потврдите ќе се издаваат во важност од пет години со можност за продолжување за уште пет години.
Втората измена е за авто такси превозниците и истата предвидува сите возачи да добијат сертификат дека извршуват должност за возење на такси. Овие сертификати ќе ги издаваат општините и Градот Скопје.
Како што истакна Јанакиески, возачот со себе задолжително треба да го има сертификатот за авто-такси превоз, а сертификатот е задолжителен услов за добивање лиценца за вршење на оваа дејност.
– Измените и дополнувањата се направени имајќи ги предвид потребите на земјоделците со цел олеснување на вршењето на превозот на стоки при вршењето на нивната дејност, како и врз основа на предлозите од Градот Скопје за осовременување на дејноста такси превоз во Република Македонија кои се усогласени со Здруженијата на авто-такси превозниците во Градот Скопје, рече министерот Јанакиески.
Тој посочи дека досега само такси компаниите имаале сертификати, а отсега и самите возачи ќе треба да имаат посебен сертификат, а тоа, како што појасни, значи дека истите ќе ги сносат последиците доколку направат некој прекршок, но и полесно ќе можат да се префрлат од една во друга компанија.
-Возачот на такси возило најпрво треба да посетува обука во овластена институција, односно компанија, па со потврдата за завршена обука ќе поднесе пријава за испит и врз основа на уверението за положен испит ќе може да поднесе барање за добивање на сертификат за авто-такси возач, објасни министерот.
Во законот се предвидени и одредби за изрекување глоби доколку се констатира дека определен странски превозник незаконски врши превоз на територијата на Република Македонија.
Третата измена во Законот за патен превоз предвидува лицата со инвалидност да добиваат бесплатен меѓуградски превоз за нив и нивните придружници.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека оваа законска измена ќе се однесува за само шест повратни карти во меѓуградскиот сообраќај годишно.
Извор:kurir.mkПрвата измена се однесува на семејните земјоделски стопанства кои немаат основано фирма, а имаат најмалку две возила кои ги користат за превоз на п