Се најавува промоција на необјавен спот на Тоше

Спотот што го снимил Тоше Проески пред 8 години за песната „Жао ми је“, ќе биде претставен пред неговите фанови наредниов период. Видеото e снимено во студио, а освен македонската музичка легенда, во него се појавува и Сара Леши, поранешна мис на Македонија, пишува Дневник.
– Бевме во една продуцентската куќа да се договориме за некои проекти поврзани за постхумната кариера на Тоше. Додека разговаравме со челните луѓе на продукцијата, тие не` прашаа што да прават со спотот што го снимиле за песната „Лажем те“ и кој досега не бил пуштен во етер. Првин го погледнавме и можам слободно да речам дека Тоше никогаш не изгледал толку добро како во тоа видео издание. Моментно се доработува, односно заднината на снимката, а за тоа ќе се погрижи „Аворд продукција“ – вели Славен Ристески од интернационалната фондација „Тоше Проески“.
Носечка нумера на албумот „Пратим те“ кој е издаден во 2005 година за српскиот пазар е токму песната „Жао ми је“. Ристески вели дека таа песна му била омилена на Тоше и затоа реализирал и спот за неа.
Тоа е единствената композиција од албумот што нема македонска верзија.
– Неизвесно е кога ќе биде промоцијата на видеоизданието. Имаме повеќе нови песни што досега не се издадени и на кои работиме. Веројатно фановите на Тоше ќе решат дали првин ќе биде промовирана новата песна или новото видео – открива Ристески за Дневник.Спотот што го снимил Тоше Проески пред 8 години за песната „Жао ми је“, ќе биде претставен пред неговите ф

Пронајдете не на следниве мрежи: