Се одбележуваат 53 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26-ти јули!

Утре, 26.07.2016 година (вторник), во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што со уривачката моќ во 1963 година го претвори Скопје во урнатина, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња.
 
 
 Во ЈУ Културно информативен центар Скопје, утре од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје и изложба на фотографии.
Во ЈУ Младинскиот културен центар  во 20 часот ќе почне „МКЦ за Скопје“ – настан со кој ќе ја одбележат 53 годишни од скопскиот катастрофален земјотрес, а ќе биде отворен со изложбата „Скопје 63-Хроника на една катастрофа“ на фотографот Бошко Фржоп (Хрватска), потоа ќе бидат прикажани 5 кратки филмови на скопските режисери Игор Иванов Изи, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставревски и Марко Ѓокович.За крај на вечерта се планирани настапите на групите СИЗ, Stuttgart Online и YOU.
Утревечер во Музеј на град Скопје, во 20 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963- виртуелни изложбени тури“.Во ЈУ Културно информативен центар Скопје, утре од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција на Црвениот

Пронајдете не на следниве мрежи: