Се одбележуват 70 години од постоењето на Народна техника – Прилеп

На 23 декември оваа година во Прилеп ќе се одбележи 70 годишното постоење од Народна техника – Прилеп. Оваа организација која постои цели 7 децении има остварено голем број на значајни продобивки за градот. Делегација на Народна техника денеска оствари и средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по повод ова одбележување.„Задоволството е големо после покната на претседателот и членовите на Народна техника оваа година да бидам покровител на овој голем јубилеј за оваа многу важна невладина организација која опстојува во нашиот град. Со задоволство ја прифативме поканата и сега во наредниот период ќе се потрудиме организацијата на овој настан да биде на највисоко ниво. Им посакувам здравје, среќа и успех и понатаму во нивното работење. Народна техника е од голема важност за општествениот живот во нашиот град“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
 Прославата било предвидено да се состои од неколку настани со кои ќе се одбележи  70 годишното постоење на Народна техника.
 „Прославата ќе се состои од 3 дела. Ќе има изложби на фотографии од минатото, изложба на експонати од самите клубови кои се членки на Народна техника, и секако би биле изложени одредени признанија, дипломи и награди освоени во минатото. Народна техника има освоено голем број 1-ви, 2-ри и 3-ти места на светско ниво во повеќе области. Ќе има официјална и свечена седница“, истакна Пецо Танески, Претседателна Народна техника – Прилеп.„Задоволството е големо после покната на претседателот и членовите на Народна техника оваа година да бидам покровител на овој голем јубилеј з

Пронајдете не на следниве мрежи: