Се одржа 5-от состанок на Бизнис Клубот на ОГБ

На премисите на компанијата Ариље Метал се одржа петтиот состанок на бизнис клубот на општина Гази Баба, со кој претседаваше г. Богослав Ангелоски.На состанок на бизнис клубот се дебатираше за можноста одредени предлози на бизнис заедницата да се вградат во буџетот на ОГБ за 2017 година, во различни сегменти од надлежностите на општината.
Градоначалникот Тони Трајковски го информираше бизнис клубот за последиците од поплавите на територијата на општината и притоа ја истакна својата благодарност за сета помош и подршка од страна на компаниите во справувањето со последиците од поплавите.
Се донесе и заклучок за проследување на апел до сите компании од територијата на ОГБ во рамките на своите можности и понатаму да помагаат на жителите од кризниот регион.
Во текот на состанокот се презентираше и усвоениот ДУП за Индустриска зона Северна заобиколница, запознавајќи ги членовите на Бизнис клубот со можностите кои ги нуди новата зона, нејзината одлична местоположба и нов простор за проширување на нивните компаниски капацитети во сегментите на лесната индустрија, дистрибутивни центри, магацини, транспортни терминали, деловни и трговски комплекси.
Секретарот на БК на ОГБ, Сашо Трајков, раководител на секторот за ЛЕР &ИКР во ОГБ, ја презентираше информацијата за тековни јавни повици (за саемско партнерство, бизнис иновативни идеи и испитување на деловното опкружување во општина Гази Баба).
На крајот од состанокот се поставуваа прашања од различен карактер кои се од особен интерес на компаниите и се дебатираше околу добиените одговори и можните решенија.На состанок на бизнис клубот се дебатираше за можноста одредени предлози на бизнис заедницата да се вградат во буџетот на ОГБ за 20

Пронајдете не на следниве мрежи: