Во Прилеп се одржа 6-тиот по ред меѓународен натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“. Натпреварот траеше 3 дена од 29 септември до денес. Првиот ден натпреварот се одвиваше во Крушево, вчера настанот продолжи на Маркови кули, а денес пак на последниот ден манифестацијата се одвиваше на Селечка планина во околината на манастирот „Св. Димитрија кај Селце.„Странците се многу задоволни кажуваат дека ова е еден од најдобрите терени каде што биле досега тоа е најмногу што нас не исполнува како организатори и сме многу среќни затоа што имаме голем напредок за разлика од лани и простор да напредуваме и да го развиваме овој спорт и да носиме многу луѓе од странство. Имаме 200 учесници, 100 учесници се од странство од 14 земји другите се од Македонија. Имаме учесници и од училиштата од нашиот град со кои соработуваме“, истакна Мери Чкрипеска, организатор на настанот.
Прв од машката конкуренција во елитната трка беше Николо Лива од Италија, во женска конкуренција прва на целта пристигна Сини Пекала од Финска.
„Јас навистина уживам во овој предел тука, во Македонија, ќе им предложам и други луѓе и на моите пријатели да дојдат тука. Оваа земја е навистина прекрасна“, Николо Лива, натпреварувач од Италија.
„Ми се допаднаа сите терени на кои што се натпреварувавме тука во Прилеп. Особено денеска. Беше навистина тешко, но јас уживав бидејќи не го знам теренот и ми беше предизвик што сум тука“, истакна Сини Пекала натпреварувач од Финска.
Од ориентациониот клуб „Златоврв“ од Прилеп се надеваат дека идната година ќе имаат многу повеќе гости од странство, но и од Македонија. Од клубот велат дека ќе ги направат сите потребни напори за популаризација на овој спорт кај нас. „Странците се многу задоволни кажуваат дека ова е еден од најдобрите терени каде што биле досега тоа е најмногу што нас не исполнув