Денеска /06.03.2016 година, недела/ на патеките во паркот на природата „Гази Баба“ се одржа крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ (Гази Баба XC Challenge).На крос трката учество зедоа повеќе од 100 натпреварувачи во машка и женска категорија, а стартот на трката го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ се одржа во машка и женска категорија, каде натпреварувачите во машка категорија трчаа 8.000, а натпреварувачите во женска категорија 5.000 метри.
На овогодинешното издание на крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ се постигнаа следните резултати:
Машка конкуренција
1 место Милош Ранчиќ
2 место Дарио Ивановски
3 место Атанас Анчевски
Женска конкуренција
1 место Андријана Поп Арсова
2 место Маргарета Мојсовска
3 место Ивона Кафеџиска
Главен покровител на крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ е Град Скопје, додека истата ја организираше атлетскиот клуб „Индјуренс“ од Скопје.На крос трката учество зедоа повеќе од 100 натпреварувачи во машка и женска категорија, а стартот на трката го означи градоначалникот на Град