Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска /19.01.2015 година, вторник/ на плоштадот во населбата Автокоманда ја отворија традиционалната манифестација „Пивтијада 2016“.Пивтијадата која што се одржува по осми пат, и оваа година има продажен и хуманитарен карактер.
Манифестацијата „Пивтијада 2016“ е во организација на Општина Гази Баба, а средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат наменети за Детската клиника.
На овогодинешната манифестација учество зедоа жителите од сите месни и урбани заедници од Гази Баба, членките на Организација на жени Гази Баба, Здружение на пензионери на Гази Баба и ресторани од подрачјето на општината.
Исто така, манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер, каде се наградуваа најубаво декорирани пивтии во две категории: аматери и професионалци.
Во категоријата аматери, награди добија:
Стојна Трајановска
Надежда Кирковска
Катерина Петреска
Во категоријата професионалци, наградата ја доби ресторанот „Дојрана“.Пивтијадата која што се одржува по осми пат, и оваа година има продажен и хуманитарен карактер.
Манифестацијата „Пивтијада 2016&ldquo