СЕ ОДРЖА НВО САЕМ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО И АКТИВНО ГРАЃАНСТВО НА ГРАД СКОПЈЕ

 Денеска /04.12.2015 година, петок/ во просториите на Младинскиот културен центар, се одржа Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје.На овој саем учество зедоа голем број здруженија на граѓани кои имаа можност на посебни штандови да ги претстават пред јавноста и присутните, своите проекти, планови, активности и заложби, како и да учествуваат во многубројните работилници.
 
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
 
– Со поддршката на овој настан градот Скопје го потврдува своето настојување за учество во активностите  со кои се промовира волонтерството и активното граѓанство, како вредности кон кои нашите граѓани треба да се стремат и да ги практикуваат. Затоа, особено ми е драго што овој пат НВО саемот не е само можност за преставување на Граѓанските здруженија кои работат на територијата на Град Скопје, туку е и можност за нивно вмрежување и зајакнување на меѓусебната соработка. Посебно ми е мило што голем број од организациите кои партиципираат на овој настан се пријавија и за работилниците кои ќе се одржат ворамките на овој Саем, а чија крајна цел е подигнување на квалитетот на животот во нашиот град, во сите области од нашето живеење, кажа градоначалникот Трајановски.
 
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството, истиот е организиран од здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.На овој саем учество зедоа голем број здруженија на граѓани кои имаа можност на посебни штандови да ги претстават пред јавноста и присутните, своит

Пронајдете не на следниве мрежи: