Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска по петти пат се одржа „Ролер трката 2016“, во организација на Град Скопје и ЈУ „Детскиот културен центар- Карпош“. Во оваа спортска манифестација учествува основните училишта од градот и од околинатa со по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до девето одделение.Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.
Година се одржаа две ролер трки, едната во машка а другата во жанска категорија. „Ролер трката 2016“ почне со женската трка на која првото место го освои Наталија Ниноска од ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, втора беше Ивана Антевска од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јандриоска од ОУ „Димитар Беровски“.
На машката трка победи Алек Митев од ОУ „Кузман Шапкарев“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ„Јохан Хајнрих-Песталоци“, а трет беше Никола Новаковиќ од ОУ „Јохан Хајнрих -Песталоци“.
Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ с