Се одржа седмото издание на фестивалот на детски песнички „Малешевско ѕвонче“

Сцената на плоштадот во Берово беше место каде младите таленти со своите ѕвонливи гласови и ова година како и изминатите покажаа дека умеат да пеат и да танцуваат, со што направија вистински спектакл и ја разбудија Малешевијата.Седмото издание на детскиот фестивал “Малешевско ѕвонче“ ги понуди новите девет рефрени на детски песнички со што преку песната, детската радост, забавата и дружбата, фестивалот прерасна во вистинска манифестација која е неизоставен настан од летната културна понуда на Берово.
Преку песничките дечињата и оваа година ги искажува своите желби, своите фантазии и се разбира секојдневните случки од нивните животи. Учесници на овогодинешниот фестивал беа:
Анастасија Ковачка – Што ми значи песната
Сара и Јована Буровски – Принцеза и манекенка
Петар Илиев – Супер херој
Бранкица Јовевска – За мојата земја
Ане Корчовска – Нашата тајна
Стефан Ковачки – Рокер
Марија Ѓорѓиевска – Посакав желба братче да имам
Глигор Царовски – Побелела Малешевија
Ива Буровска – Заедно можеме многу повеќе

Фестивалот и оваа година покрај хорот на “Малешевските ѕвончиња“ беше збогатен и со кореографии на сите песнички од танчерската група “Бодифит“ од Штип кои имаа и две соло кореографии.
Организатор на фестивалот и оваа година е Студиото Модерато преку уметничкиот директор Дарко Димитриевски, во соработка со Општина Берово.Седмото издание на детскиот фестивал “Малешевско ѕвонче“ ги понуди новите девет рефрени на детски песнички со што преку песната, детска

Пронајдете не на следниве мрежи: