Се одржа татковинска прослава по повод канонизацијата на Мајка Тереза

По повод прогласувањето на скопјанката Мајка Тереза за светица, денеска /11 септември, недела/ на плоштадот Македонија се одржа понтификална миса – централен настан организиран во рамки на Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“. На Татковинската прослава свое обраќање имаше, претседателот на Република Македонија, Ѓеорге Иванов, покровителот на Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“, а светата понтификална миса ја следеа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерката ка култура Елизабета Канческа Милевска, претставници и на дипломатскиот кор во нашата држава, претставници на Католичката црква и на другите верски заедници, домашни и странски делегации и голем број верници и поддржувачи на хуманaта мисија на Мајка Тереза.
 Осврнувајќи се на животниот пат и делата на Мајка Тереза, претседателот Иванов рече дека ако сакаме вистински да ја покажеме нашата почит кон неа е да живееме заедно со сите наши најдлабоки верски, етнички и идеолошки разлики и наместо да се истоштуваме во политички битки за докажување на нејзиното потекло и присвојување на нејзиното име, Мајка Тереза би нè упатила да се угледаме на нејзиниот пример и да правиме мали добри дела со голема љубов.
 – Гледајќи колку лесно крстот и полумесечината, црквата и џамијата ги претвораме во граничници и тврдини за маркирање и бранење на некакви си замислени територии, би нè потсетила дека верата е љубов во акција. Дека не смееме само на име да се нарекуваме верници, туку дека мора да помагаме, се додека не нè заболи. Затоа што вистинската љубов боли. Би нè охрабрила да го чуваме највредното нешто што го имаме, највредното што и таа го понесе со себе во Индија, а тоа е нашиот македонски модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста. Затоа што само така ќе научиме да живееме заедно со сите наши најдлабоки верски, етнички и идеолошки разлики, рече Иванов.
 Тоа, се вредностите што денес ни се повеќе од неопходни во Македонија, додаде Иванов и тоа е аманетот што ни го остави Мајка Тереза, светицата од Скопје, светицата на светот. Верувам, додаде тој, дека единствениот вистински начин да ја покажеме нашата почит кон неа е ако го исполнуваме овој нејзин завет.
 Светата понтификална миса што се одржа на плоштадот Македонија ја предводеше специјалниот папски кардинал, сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ, кој ни порача да се гордееме со Светата мајка.
 -Вие, верниците кога ќе ви падне духот и ќе се најдете во опасност да ја изгубите надежта, инспирирајте се од оваа прекрасна мајка, која со своето застапништво ќе ви помогне. Мајките кои го изгубиле мајчинството, вратете го преку почитувањето на оваа света мајка, а Вие кои се плашите од животот, учете од оваа света мајка колкава е силата во верата. Не го заборавајте овој ден и овој настан, порача Пулиќ.
Скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов ја прогласи капелата во спомен куќата на Мајка Тереза за светилиште на Света Мајка Тереза.
 На прославата беа доделени и медали на: Покровителот -претседателот Иванов, на градоначалникот Коце Трајановски, на Папскиот делегат и на други активни учесници во организирањето на Татковинската прослава, во чии рамки во текот на изминатите седум дена во Македонија се одржаа низа настани.
 Мајка Тереза којашто е родена во Скопје на 26 август 1910 година а почина во 1997 година во Калкута, Индија. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир, односно за несебичното помагање на болните, бедните, напуштените и унесреќените низ целиот свет.На Татковинската прослава свое обраќање имаше, претседателот на Република Македонија, Ѓеорге Иванов, покровителот на Татковинската прослава „

Пронајдете не на следниве мрежи: