Трибина за претприемничко учење за деветоодделенците од општина Кисела Вода се одржа денес во Големата сала на оваа општина.Настанот е во организација на Секторот за локален економски развој во соработка со Волонтерскиот центар, како дел од првата изготвена локална стратегија за претприемничко учење за период од 2016-2020.
Истата, заедно со оперативниот план за нејзина имплементација беше изгласана од Советот на општината, со што тие станаа официјални стратешки документи врз кои треба да се темели подобрувањето на животот на младите. На денешната трибина, деветоодделенците имаа можност да се запознаат со претприемничкото учење, да добијат одговори од оваа област од страна на предавачи, успешни претприемачи.
Во фокусот на презентацијата на проф. д-р Панче Јовановски беа базичните принципи на економијата, како што се основните закони и категории: закон за понуда и побарувачка, компаративни предности, базични претприемнички принципи. Акцентот беше ставен врз воспоставување на неопходните базични знаења за претприемништвото.
Активностите кои имаат за цел поттикнување на претприемничкиот дух кај младите продолжуваат и во периодот што следува. До крајов на месецот општина Кисела Вода во сите основни училишта од овој дел на градот ќе организира работилници и предавања на тема „Истражување за постоечки бизниси и потребни бизниси во општината” и „Истражување за занаети постоечки и занаети во изумирање”, на кои предавачи ќе идат успешни претприемачи.
Во рамки на истата стратегија, во тек на целиот месец мај предвидени се посети на деветоодделенците на повеќе компании на територија на општината, организирање на натпревар помеѓу учениците за изработен проект на тема: „Од идеа до реализација”, додека во месец јуни ќе бидат организирани трибини и предавања за наставниците, со цел размена на искуства.Настанот е во организација на Секторот за локален економски развој во соработка со Волонтерскиот центар, како дел од првата изготвена локална страт