Хајрие Азири со остварено време 7:30 минути е победник на овогодинешното издание на „Женската трка“ која се одржа во рамките на најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Виз Ер Скопски Маратон“.Стартот на „Женската трка“, која се одржа во Градскиот Парк во Скопје го означи градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
– Денеска сме тука во Градскиот Парк на „Женската трка“ која е дел од „Виз Ер Скопскиот Маратон“, каде ќе учествуваат повеќе од 1000 жени. Оваа трка станува се попопуларна и бројот на натпреварувачи расте секоја година. Годинава оваа трка е влезена и во официјалниот календар на Европската Атлетска Асоцијација. Ме радува фактот што од секоја година расте популарноста на „Виз Ер Скопскиот Маратон“, којшто стана препознатлив спортски бренд за Скопје и Македонија. Годинава „Виз Ер Скопскиот Маратон“ ќе се одржи по 12-ти пат на 8-ми мај, а досега за учество на оваа спортска манифестација се имаат пријавено 4.500 лица – кажа градоначалникот Трајановски.
Стартот и цента на „Женската трка“ беше на Школка во Градскиот парк и истата патеката беше во должина од 2 километри. Оваа трка имаше натпреварувачки карактер, каде се резултатите се рангираа целосно и во 7 категории според возраста. На најуспешните учеснички им беа доделени медали и дипломи. Пред одржувањето на трката се одржа и получасовно аеробик загревање за учесниците.
Хајрие Азири е победник на овогодинешното издание на „Женската трка“, второто најдобро време го имаше Виолета Ивановиќ со 7:38 минути, додека третото најдобро време го постигна Бојана Наумовска со 7:54 минути.
Последниот рок за пријавување на учесници во 12-то издание на „Виз Ер Скопски Маратон“ е до 29-ти април (или додека не се пополнат предвидените места).
Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а оваа година ќе се одржи и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.
Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини има на веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.Стартот на „Женската трка“, која се одржа во Градскиот Парк во Скопје го означи градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.