Се окрупнува членството на СПМ: Црната кампања на СДСМ му се врати како бумеранг

Се окрупнува членството на Социјалистичката партија. Членови на СДСМ и останатите партии од опозицијата масовно преминуваат во редовите на македонските социјалисти.Цели ограноци на СДСМ во помалите места во источна Македонија веќе ги фрлиле сините членски книшки и истите ги замениле со оние на СПМ.
Од социјалистичката партија велат дека во последните неколку месеци, како последица на катастрофалната политика на СДСМ која тргува со државните интереси, бележат значителен прилив на нови членови во своите редови.
Социјалистите велат дека граѓаните не сакаат двојзаичност и редефинирање на Македонија, па затоа, во нивните редови најбројни се трансферите кои ги прават поранешните членови на СДСМ.
Од партијата додаваат дека некои градови како Куманово и Пробиштип кај нив пристапуваат и советници во општинските совети од редовите на ДОМ и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
Експертите велат дека црната кампања на СДСМ му се врати како бумеранг. Според нив, на изборите во декември, граѓаните ќе гласаат против деструктивните сценарија.
Очекувањата на експертите ги потврдуваат и анкетите кои ги спроведуваат агенции за кои медиумите пишуваат дека се блиски до опозицијата. Според последната таква анкета, од март до октомври СДСМ загубил близу 25.000 поддржувачи.
Цели ограноци на СДСМ во помалите места во источна Македонија веќе ги фрлиле сините членски книшки и истите ги замениле со оние на СПМ.
Од

Пронајдете не на следниве мрежи: