Се освети новоизградената џамија во Прилеп

Во ромската населба Тризла, во присуство на иницијативниот одбор за изградба на џамијата , религиозната група „Ехли Сунет Ел Џемат“ од Прилеп, Минисерот без ресор, Неждет Мустафа ,  преставници од локалната власт и голем број верници,  се изврши осветување на  новоизградената  џамија која го носи името на населбата,  изградена за да ги задоволи верските потреби на неколку илјади жители од оваа населба, претежно од ромска националност. 
„Со голема почит и чест денес се освети овој исламски верски храм,  кој е знак и дело на нашето единство и почитување,  на толеранцијата и соживотот меѓу нашите пријатели Роми. Оваа џамија е од голема важност за ромското население. А, прилепчани, Македонците и Ромите, отсекогаш низ вековите живееле заедно, со големо почитување на верата , традицијата и културата. Почитувањето на верските слободи е приоритет во нашата општина“ “, истакна градоначалникот ,Марјан Ристески.

„Толеранцијата и почитувањето на ромската популација и на верските разлики помеѓу луѓето се карктеритични за овој град, кој треба да послужи  како пример на останатие каде што живеат Ромите. Со изградбата на овој исламски верски храм, само се потврдува  колку локалната власт се грижи за ромската заедница со цел  подобрување на условите за живеење на Ромите“-  рече Минисерот без ресор, Неждет Мустафа
„Со изградбата и осветувањето на ова светилиште на исламската религија за верниците преставува  остварување на нивните заложби да се молат во свој верски објект “ рече имамот Алмир Сулејманоски.

Објектот располага со 980 метри квадратни и чини над 300 илјади евра. Изграден е со донации од верниците и средства од општинскиот буџет, Општината со изработка на новиот Генерален и Детален урбанистички план за населбата ја предвиде изградбата на објектот, а земјиштето го купи и  проектот за оваа џамија го изработи,  религиозната група „Ехли Сунет Ел Џемат“ од Прилеп. Темелите на џамијата беа поставени октомври ,2012 година, а нејзина изградба беше иницирана од Ромското население со муслиманска вероисповед .
  
„Со голема почит и чест денес се освети овој исламски верски храм,  кој е знак и дело на нашето единство и почи

Пронајдете не на следниве мрежи: