Се отвора кабаре во Скопје со STAND UP COMEDY на Бојан Велевски

Младиот актер и стенд ап комичар Бојан Велевски повторно се враќа на настапите во кафулињата низ Скопје и Македонија, откако во минатата сезона можевме да го видиме само на големите настапи во Универзалната сала во организација на Stand Up Macedonia. Овој пат во четврток 31.10.2013 – 21часот, Бојан официјално го отвора Cabaret Prohibe’ кое се наоѓа во склоп на ресторанот Orient Express во Дебар Маало.
Изјава : “Луѓето од Orient Express навистина се потрудија да направат една прекрасна сцена и да му го дадат на Скопје она што му недостасуваше – Кабаре! Драго ми е што сум дел од овој проект за заживување на кабарето во Македонија, а почестен сум што овој простор се отвора токму со мој настап. Инсистирав влезницата да биде со пристапна цена, без разлика на тоа што е на некој начин премиера и интересот е голем. Мораме сите ние кои се бавиме со шоу бизнисот да придонесеме да се развие кабарето, со тоа правиме голем чекор напред во создавањето на квалитетна публика”
Влезницата чини само 120 денари (едно пиво во диско), а за тоа добивате двочасовен станд ап перформанс исполнет со многу смеа.
За време на шоуто дел од пијалоците ќе бидат по промотивни цени, па така љубителите на вино и пиво ќе можат да уживаат во својот омилен пијалак за само 60 денари.
Напомена!
Бројот на посетители секогаш ќе биде ограничен на 50!! Резервацијата е ЗАДОЛЖИТЕЛНА на 072 222 050 – исклучиво со sms.
Повелете на добра забава!!!
Точна локација : Orient Express , Георги Пешков – бр.6 (Дебар Маало)
Во продолжение уживајте во еден од настапите на Бојан во Универзалната Сала :
 Овој пат во четврток 31.10.2013 – 21часот, Бојан официјално го отвора Cabaret Prohibe’ кое се наоѓа во склоп на ресторанот Orient Express во

Пронајдете не на следниве мрежи: