Во слободните економски зони се отвораат нови работни места. Постојните компании го зголемуваат производството, новите инвеститори финишираат со изградбата на гринфилд капацитети.-Во моментов во зоната во Скопје се градат три производствени капацитети. Тука е компанијата Хајтек, ГЕС – германско египетска компанија, како и втората фаза на Ван Хул, што значи дека активностите продолжуваат. Се очекува и започнување на изградба на Џонсон во Струмица, додека Кондево го завршува својот производствен погон во зоната во Штип и ќе треба да почме со работа кон средината на летото, вели првиот човек на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.
Во текот на летово ќе се отворат три нови фабрики во кои ќе се вработат над 3 илјади луѓе. Автомобилскиот гигант „Гентерм“ ќе ја раздвижи економијата на Прилеп, бидејќи во оваа фабрика е предвидено да се вработат 2 илјади работници. „ОДВ Електрик“ со илјада нови работни места и инвестициија од 15 милиони евра ќе придонесе во економскиот развој на охридско – струшкиот регион, „Џонсон Контролс“ внесува нов импулс во Струмица со 1.500 работници, Кондево ќе ја засили конкуренцијата во штипската слободна економска зона, американската КСС се реши за Кичево.
-Отворањето нова фабрика на „Џонсон Контролс“ е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку е можност за нови вработувања кои, заедно со оние во фабриката во Штип, ќе достигнат над 3 илјади, изјави директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.
Според економистите, добро е што инвестициите се дисперзирани, односно не се концентрирани само во Скопје, со што се придонесува за порамномерен регионален развој.
-Работниците земаат плата, а одат во локалните продавници, купуваат, трошат, што значи дека се мултиплицира ефектот од инвестицијата. Оттука, позитивните ефекти не се само во непосредните вработувања. Затоа, јас се надевам и очекувам, овие странски инвестиции да имаат многу позитивно и значително влијание врз регионалниот развој, објаснува универзитетскиот професор Јован Пејковски.
Се зголемува и бројот на технолошко – индустриски развојни зони. Досега се формирани 14, во вкупно 23 компании. Во моментов овие компании вработуваат 5.300 луѓе.
-До крајот на годинава нивниот план е да додадат уште дополнителни 1.800 работни места, што значи дека оваа бројка ќе биде 7.100 луѓе во зоните, само од оние компании кои во моментов се таму присутни. Во моментот кога овие компании ќе стигнат до оптималната вредност на нивните бизнис – планови, ќе бидат креирани вкупно 16,5 илјади работни места, само од овие компании, вели Мизо.
Отворањето на нови технолошко – индустриски зони е правилен концепт, тоа го покажа последното истражување на Здружението на млади аналитичари и истражувачи.
-Во однос на прашањето, дали сметате дека е оправдано отварање на нови технолошко- индустриски развојни зони, дури 74,8% сметаат дека е оправдано, велат од ЗМАИ.
Надлежните очекуваат новите зони постепено да се полнат со нови компании.
-Компаниите кои функционираат во ТИРЗ и другите странски компании имаат големо влијание врз целокупниот економски раст на земјата. Според плановите за развој на компаниите, бројот на вработени во наредниот период ќе достигне 34.000 лица, извозот од година во година е се повисок, а дополнителна добивка е што структурата на извозот се менува во позитивна насока и сè повеќе се извезуваат производи со повисока додадена вредност, вели вицепремиерот Пешевски.
Индиректни работни места во домашните компании
Странските инвеститори донесоа работа и за домашните компании кои на разни начини соработуваат со нив, со што ќарот е двоен. Ова, пак, допринесе да се отвораат и индиректни работни места.
-Во однос на соработката на домашните компании со странските директни инвестиции, соработката на домашните компании со корисниците во ТИР зоните достигна вредност од 46 милиони евра во текот на 2015 година. Голем дел од домашните компании кои оствариле соработка со корисниците од ТИР зоните се проектантски бироа, одржување на простор, градежни фирми, агенции за обезбедување и кетеринг служби. Во помал број се компаниите кои се јавуваат како добавувачи во процесот на производство на странските директни инвестиции во зоните, вели Горан Мојановски од ЗМАИ.
Македонските бизнисмени очекуваат да продолжи соработката со странските инвеститори, и покрај предизвиците од политичката криза.
-Јас очекувам овој позитивен тренд да продолжи како резултат на активноста на домашните компании и зголемената соработка со странските инвеститори, но и поради најавените нови странски инвестиции кои ќе отворат фабрики и ќе придонесат кон намалување на невработеноста во земјава, вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.
Се менува структурата на извозот!
Освен отворањето нови работни места, подобрувањето на животниот стандард, соработката со домашните компании, странските директни инвестиции целосно ја променија структурата на македонскиот извоз. Размената стана поизбалансирана, земјава кон странство испорачува производи со повисока додадена вредност. Покриеноста веќе достигна 72,5% во првиот квартал. Во овој период, извозот на машини и на транспортни уреди бил за 30% зголемен во однос на истиот период лани, на хемиски производи за 26%, што укажува на зголемениот обем на работа на компаниите од зоните.
Позитивниот тренд продолжи. Извозот во првите четири месеци од годинава е зголемен за 30,4 проценти споредено со 2015 година.
-Извозот надмина 565 милиони евра што значи дека разликата меѓу извозот и увозот е над 130 милиони евра за првите четири месеци од годинава, посочува директорот на Дирекцијата за ТИРЗ.-Во моментов во зоната во Скопје се градат три производствени капацитети. Тука е компанијата Хајтек, ГЕС – германско египетска компанија, как