Кејт Адамс, автор на книги за здравје и исхрана, како и основач на клубот „Flat Tummy Club“, падна во замка на целодневно седење пред компјутер, што резултирало со вишок килограми и таложење сало на стомакот, бутините и половината.Таа сама смислила план за вежбање и исхрана со чија помош изгубила 3 килограми за 7 дена и со вежбање постигнала рамен стомак.
Кејт ги собрала сите искуства и знаења што ги стекнала при десетгодишната работа и смислила програма што дава резултати. Откако првата недела изгубила 3 килограми, во наредните два месеци станала полесна за уште 12 килограми.
1. Водете белешки за тоа што, кога и колку јадете. Исто така, запишете ги своите мери за да можете подоцна да ги споредите со постигнатите резултати. Ова можеби ви се чини како непотребно, но белешките ќе ви помогнат да направите план и да сфатите кои ви се слабите точки во спроведувањето на диетата.
3. Одморајте се! Кортизолот што се ослободува кога сме под стрес, го тера организмот да таложи сало.
Осум точки до кои се придржуваат членовите на Flat Tummy Club:
1. Јадете три оброци дневно и пет помали порции овошје и зеленчук.
2. Не гладувајте. Доколку ви се потребни грицки, земете здрави намирници од листата.
3. Започнете го денот со чаша млака вода во која претходно сте исцедиле лимон и испијте барем 8 чаши вода или шолја незасладен растителен чај дневно.
4. Избегнувајте леб. Наместо сендвич, изедете чинија супа од зеленчук.
5. Слатките заменете ги со овошје или со неколку коцки темно чоколадо.
6. Внимателно со солта. Избегнувајте дополнително посолена храна која го поттикнува задржувањето вода во организмот поради што се чувствувате надуено.
7. Јадете полека и во мир.
8. Намалете ги порциите на чинија. Во почеток тоа ќе биде шок, но наскоро ќе се чувствувате подобро и ќе заборавите на непотребното прејадување.
Намирници за рамен стомак
Зобените снегулки се полни со влакна и не предизвикуваат надуеност, а создаваат чувство на ситост.
Јогуртот е одличен меѓуоброк, можете да му додадете мед и свежо сезонско овошје, а добар е и за дигестија. Избегнувајте јогурт со помал процент на маснотија, бидејќи поттикнува надуеност.
Мононезаситени киселини се наоѓаат во авокадото, маслинките, оревите, семките и темното чоколадо. Исклучително се здраво.
Зелениот чај е антиоксиданс кој е одличен за здравјето на целиот организам и за рамен стомак. Освен што влијае на висината на шеќерот во крвта, тој е и благ диуретик.
Краставицата е одлична намирница која помага во исфрлувањето течност од организмот. Јадете ја со кората која го поттикнува организмот за дигестија.
Слатки задоволства кои смеете да си ги дозволите!
-мала чинија бобесто овошје
-една помала банана
-круша или праска без кора
-една смоква
-една мандарина
-3 до 4 помали коцки темно чоколадо
-чаша исцеден свеж сок
-интегрален кекс со овошје
Солени залаци кои смеете да си ги дозволите!
-чинија мисо супа
-две парчиња шунка и свеж чери домат
-шолја обичен јогурт
-јаткасто овошје
-пола авокадоТаа сама смислила план за вежбање и исхрана со чија помош изгубила 3 килограми за 7 дена и со вежбање постигнала рамен стомак.
Кејт ги собр