Подобрување на стандардот на живеење во рурално место е целта на финансиската поддршка која Владата ја дава преку МЗШВ.На денешниот состанок со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заменик министерот на МЗШВ, Ванчо Костадиновски потенцира дека лани од 35 милиони евра склучени се договори за 180 проекти во сите општини.
-Најголем дел од нив аплицираа за три проекти. Изградба на улици во некое населено место, канализациона инфраструктура, изградба на канализација, фекална канализација, водовод… Искористеноста беше максимална. Сега останува реализацијата на проектите. Ова се повеќегодишни проекти, рече Костадиновски.
Општина Кривогаштани искористи ваква мерка за изградба на сточен пазар. Оваа општина наскоро ќе го добие најсовремениот сточен пазар во регионот. На средбата со Груевски присуствуваа и голем број градоначалници, меѓу кои и на Кривогаштани.
-Сточниот пазар е комплетно завршен. Очекуваме само од Агенција за финансиска поддршка да направиме технички прием и може да биде во функција. Ова е круцијален проект. Ќе биде еден од најдобрите туку и во регионот на соседните држави, истакна градоначалникот Затковски.На денешниот состанок со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заменик министерот на МЗШВ, Ванчо Костадиновски потенцира дека лани од 35 милиони