Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат столпчиња по должината на велосипедската патека на булеварот Илинден, ги преместуваат автобуските станици и другите физички препреки и ги спуштаат рабниците при влезот во крстосниците, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите.Велосипедската патека по должината на булеварот Илинден е дел од рутата 1 од сложениот проект СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017, која овозможи поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош.
Како дел од рутата 1, Градот Скопје ги изгради и реконструира следниве велосипедски патеки:
– на булеварот Александар Македонски, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни;
– на улицата Беласица, од булеварот Гоце Делчев до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни;
– на булеварот Гоце Делчев, од булеварот Крсте Мисирков до улицата Беласица, од двете страни;
– на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до фонтаната „Лотосов цвет“ и
– на булеварот Илинден, на потегот од Матично до крстосницата со улицата Љубљанска.
Во текот на 2015 година беа изградени и реконструирани и велосипедските патеки на улицата Ѓорче Петров, од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај; на булеварот Крсте Мисирков, од Адвокатската улица до Кеј „Димитар Влахов“; на булеварот Крсте Мисирков, од булеварот Гоце Делчев до Бит- пазар и на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Железничката станица до булеварот Кочо Рацин, од двете страни.Велосипедската патека по должината на булеварот Илинден е дел од рутата 1 од сложениот проект СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017, која овозможи поврзување н