Аргентина е една од првите земји во светот која ги преземала биотехнолошките производи на „Монсанто“ за да го зголеми своето земјоделското производство. И да, Аргентина денес е трет по големина производител на соја во светот, но по која цена? Во моментов, целата соја во Аргентина е генетски модифицирана, како и поголемиот дел од пченката и памукот.Монсантовите пестициди ја трујат Аргентина.Ова е наслов на текстот кој се појави на сајтот на агенцијата Русија Денес. Новите истражувања покажуваат дека пестицидите кои ги продава американската корпорација „Монсанто“ предизвикуваат голем број на здравствени проблеми во Аргентина, од децата кои се раѓаат со хендикеп до зголемени случаи на болни од рак. Истражувањето, исто така, покажало дека ваквите проблеми се должат на не спроведувањето на потребните прописи поради што дошло до злоупотреба на производите на „Монсанто“. Државните прописи постојат, но многу земјоделци не им се придржувале.
Извештајот открива дека постои директна врска помеѓу здравствените проблеми во Аргентина и производите на „Монсанто“. Најголемите жртви се жителите на селата.
Во некои места токсичните пестициди се користени во близина на населени места и стигнале до водата за пиење што предизвикало големи здравствени проблеми. И покрај ова и многу претходни студии, „Монсанто“ и натаму продолжува да тврди дека нивните производи се безбедни и дека не е можно овие проблеми да се предизвикани од употреба на нивните пестициди.
Во провинцијата Санта Фе, која е голем производител на жито во Аргентина, постои закон во кој стои дека пестицидите не треба да се користат поблиску од 500 метри од населеното место, но во извештајот се сугерира дека пестициди се користени на само 30 метри.
Истражувањето открива дека процентот на заболени од рак во провинцијата е 2 до 4 пати повисоко од останатиот дел на земјата, додека во соседната провинција Чако број на деца родени со нарушувања се зголемил дури за четири пати откако биотехнологијата почнала да се користи во земјоделството пред 10 години.
Доктор Дамјан Вернаси од Медицинскиот Факултет при Универзитетот во Росарио истакнува дека овие хемикалии можат да бидат причина за ненадејното зголемување на здравствените проблеми.
-Анализите беа направени на основните состојки, но никогаш не се истражуваше интеракцијата со другите хемикалии кои се мешаат – вели тој.
Аргентина е една од првите земји во светот која ги преземала биотехнолошките производи на „Монсанто“ за да го зголеми своето земјоделското производство. И да, Аргентина денес е трет по големина производител на соја во светот, но по која цена? Во моментов, целата соја во Аргентина е генетски модифицирана, како и поголемиот дел од пченката и памукот.
„Монсанто“ истакнува дека здравствените проблеми во Аргентина не се поврзани со нивните пестициди. Исто така го отфрла тврдењето дека нивните производи се причина за зголемениот број на пациенти заболено од рак и на деца родени со хендикеп.
Џуди Хачер, претседателка на организацијата „Pesticide Action Network International” изјавила дека всушност се работи за еден маѓепсан круг. Поточно, плевелот -поради што се употребуваат производите на „Монсанто“ на генетски модифицираните посеви – станува се повеќе отпорен и затоа мора постојано да се произведуваат помоќни хемикалии.
-Во САД ние веќе тоа го научивме- ГМ посевите доведуваат до драматично зголемување на употребата на пестициди. Како што плевелот станува поотпорен на овие хемикалии, индустријата излегува со се помоќни хемикалии за да се бори против созададениот „суперплевел“. Земјоделците стануваат затвореници на овој пестициден маѓепсан круг- вели Хачер.Монсантовите пестициди ја трујат Аргентина.Ова е наслов на текстот кој се појави на сајтот на агенцијата Русија Денес. Новите истражувања пока
Пронајдете не на следниве мрежи: