Се прекинува потрагата по исчезнатиот авион на „Ер Азија“

Индонезија во текот на ноќта ја прекинува потрагата по авионот на малезиската компанија „Ер Азија“, кој денеска со 162 патници и членови на екипаж исчезна од радарот над Јаванскјото Море на летот од индонезискиот град Сурабаја кон Сингапур, соопшти националната агенција за спасување.Операцијата за потрага по авионот ќе продолжи во понеделник во шест часот наутро по локално време, изјави портпаролот на агенцијата Татанг Зајенудин. 
Регионалната нискобуџетна авиокомпанија, основана во 2011 година од малезискиот бизнисмен Тони Фернандес, соопшти дека исчезнатиот авион Ербас А-320-200 летал на однапред утврдена рута, но за време на летот побарал дозвола да го промени курсот поради временски прилики, пред да биде загубен контакт со авионот и додека се наоѓал во простор под надзор на индонезиска контрола на летот. 
– Не сакаме да претпоставуваме што може да се случило, освен дека е изгубен контакт, изјави генералниот директор на индонезиската Агенција за сообраќај Џок Мурзатмоџо, додавајќи дека последниот контакт меѓу пилотот и контролата на летот е остварен во 6 часот и 13 минути по локално време, кога пилотот побарал дозвола да избегне облак и го смени курсот на летот. 
Според Мурзатмоџо авионот не испратил известување дека се наоѓа во опасност. Авионот полетал од Сурабаја, а контактот со него е изгубен 42 минути по полетувањето. 
Во авионот се наоѓале двајца пилоти, пет членови на кабински персонал и 155 патници, вклучително 16 деца и едно бебе, соопшти авиокомпанијата. Меѓу патниците се наоѓале тројца Јужнокорејци и по еден државјанин на Сингапур, Малезија и Франција, додека останатите биле Индонезијци. 
На аеродромот Сурабаја е воспоставен кризен центар каде почнале да се собираат роднини на патниците во потрага по информации за летот. 
Министерот за сообраќај Игнасиус Јонан изјави дека спасувачката операција ќе биде насочена кон областа околу островот Белитунг и во неа ќе учествува индонезиската армија, националната агенција за потрага и спасување, како и Сингапур и Малезија. 
Компанијата „Ер Азија“ со седиште во Малезија работи во неколку земји од Југоисточна Азија. 
Ова е трет инцидент со малезиски авион годинава. Претходно авион „Боинг 777“ исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8 март со 239 патници и членови на екипажот. Друг лет на компанијата „Малезија ерлајнс“ со 298 патници на 17 јули е соборен над Украина на летот од Амстердам за Куала Лумпур.Операцијата за потрага по авионот ќе продолжи во понеделник во шест часот наутро по локално време, изјави портпаролот на агенцијата Татанг Зајенуди

Пронајдете не на следниве мрежи: