Се претставувале како полицајци за да ограбат мигранти

Две млади лица од Велес и Неготино лажно се претставувале како полицајци со намера да ограбат мигранти, поради што добија по осум дена притвор, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.На ден 07.06.2016 година во околу 23 часот на локалниот пат село Дуброво-Неготино три непознати лица кои се претставиле како полициски службеници, сопреле патнички автомобил марка „мерцедес“ во кој се превезувале пет лица мигранти од Ирак и побарале од мигрантите пари, изјави Стојковска.
Кога мигрантите се посомневале дека лицата лажно се претставуваат како полицајци, пружиле отпор и успеале со возилото на непознатите лица да се одалечат од местото. Кратко потоа мигрантите биле сопрени од полициски службеници од Полициска станица-Неготино.
По преземени оперативно тактички мерки во 05:00 часот лишени биле од слобода две лица на возраст од 22 и 19 години од Велес и Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ и „лажно претставување“, рече Стојковска.
Осомничените со кривична пријава биле изведени пред обвинител и од страна на надлежен судија изречена им е мерка притвор во траење од осум дена.На ден 07.06.2016 година во околу 23 часот на локалниот пат село Дуброво-Неготино три непознати лица кои се претставиле како полициски службеници,

Пронајдете не на следниве мрежи: