Се разгледуваат врвни имиња: Мерката за ангажман на докажани тренери наиде на многу позитивни критики

Мерката за ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти, наиде на многу позитивни критики. Вчера, само еден ден по нејзиното промовирање, ја поздравија врвни спортски имиња. Пофални зборови за истата, денеска кажаа министерот за образование и наука Спиро Ристовски, директорот на Спортската академија, Дејан Јовановски, како и младите спортисти од Академијата.-Навистина станува збор за една исклучително квалитетна мерка која ќе го подобри и поддржи квалитетот на спортот и развојот на спортските таленти во Македонија кои во најголем број се ангажирани и се дел од образовниот, но и спортскиот процес кој се реализира во рамки на оваа специјализирана установа, Спортската академија. Идејата за ангажирањето на овие врвни спортски тренери во 4-те спорта кои се дел од Спортската академија, на еден начин ќе биде продолжување, континуитет и поддршка на веќе актуелниот стручен кадар ккој што го реализира тренажниот процес во рамки на Спортската академија, меѓутоа сепак како и во светски рамки во делот на развојот на спортот, неопходно е она што е меѓународно признато како тренерски кадар да даде еден вид стручно знаење, а ние како Министерство да дадеме поддршка за потребите и правилниот развој на спортските таленти кои потоа треба да го носат и државниот дрес на Република Македонија, истакна Ристовски.
Веќе се разгледува кои врвни имиња би можеле да бидат дел од Спортската академија. Подготовките ќе започнат насокоро, а на почетокот на следната учебна година, избраниот тренер ќе треба да ги почне своите активности за потребите на Академијата.
-Минатата година имавме проект на тренери гости кои во сите 4 спорта беше застапен во последното тромесечие од учебната година. Тоа беше состевено од одредени тренинзи кои ги држеа врвните тренери во врвниот спорт во рамки на Македонија и се надевам дека со оваа мерка ќе успееме да влеземе во контакт и да оствариме соработка во текот на целата година со тренери кои ќе ни помогнат и на нас како спортски институции, на младите спортисти, а секако и на нашиот кадар во однос на едуцирањето и доедуцирањето во врска со спортските квалитети, потенцираше Јовановски.
Младите спортисти велат дека ангажирањето на врвни спортски тренери ќе донесе голем бенефит за нив.
-Пред се тоа ќе ни помогне во нашата кошаркарска кариера, да развиваме подобри кошаркарски елементи и да не корегираат во нашите грешки. Надвор од нашата држава би сакал да дојде да не тренира Жељко Обрадовиќ, за мене еден од најврвните тренери во кошарката во Европа и пошироко, а што се однесува до македонските тренери би сакал да ме тренира Марин Докузовски, вели Христијан Стојановски кој е четврта година на Спортската академија.
-Секако ќе биде добро. Би требало да дојдат некои врвни тренери, не знам кои се најавени ама знам дека ќе бидат неко добри тренери. Мене лично многу ќе ми помогне, истакна Александар Јовановски, кој исто така е 4-та година на Спортската академија.
Инаку, мерката за ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии, е една од 4-те мерките од областа на спортот кој ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Навистина станува збор за една исклучително квалитетна мерка која ќе го подобри и поддржи квалитетот на спортот и развојот на спортските таленти в

Пронајдете не на следниве мрежи: