Течат градежните активности за реконструкција и проширување на дел од пристапниот пат кој води кон рекреативниот центар Теферич. Градоначалникот на општина Кисела Вода и раководителот на Центарот за развој на скопскиот плански регион денес на терен извршија увид во реализација на овој проект кој e од големо значење и за општина Кисела Вода, но и за општина Сопиште бидејќи локалниот пат Теферич ги поврзува овие две општини минувајќи низ нивните локалитети. Сообраќајното значење е уште понагласено бидејќи истиот служи и за поврзување на централното градско подрачје со регионалниот пат Козјак, со што се вклучува во сообраќајните текови ширум регионот и државата. Реконструкцијата се одвива на улиците “Мариовска” и дел од улицата “Христо Татарчев”, се до спојот на реконструираната улица кај црквата Теферич. На овој потег ќе биде поставен нов асфалт, ќе се изработат тротоари кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи, ќе се прошири патот, а потоа ќе биде поставено и осветлување. Градежните работи треба да завршат до крај на годината. Носител на проектот кој е инициран од општина Кисела Вода е Центарот за развој на Скопски плански регион, а како партнери освен општина Кисела Вода, се и градот Скопје и општината Сопиште. Средствата за кои Кисела Вода аплицираше преку Секторот за локален економски развој, се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој 2016 година и од буџетот на општина Кисела Вода.Градоначалникот на општина Кисела Вода и раководителот на Центарот за развој на скопскиот плански регион денес на терен извршија увид во реал
Пронајдете не на следниве мрежи: