Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за реконструкција на коловозот и тротоарите на ул.”Христо Узунов” во населбата Црниче.Градежните активности ќе опфатат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот помеѓу улицитe “Востаничка” и “Партение Зографски”, каде се протега оваа улица, ќе се изврши и реконструкција на постоечките тротоари.
Истите ќе бидат поплочени со бехатон плочи. Се работи за една од најфреквентвите улици, која со својот централен дел ги поврзува населбите Црниче и Пржино.
Нејзината реконструкција е целосна инвестиција на општина Кисела Вода. Апелираме за трпение и разбирање од страна на жителите во наредните два месеци додека траат градежните зафати на фирмата изведувач.
Градежните активности ќе опфатат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот поме