Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, денеска /23.03.2016 година, среда/ извршија увид на градежните работи на новата водоводна мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче, Општина Аеродром.
– Со овој проект се реконструира водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во должина од 1.500 метри, како и на 4 нејзини краци со должина од по 100 метри, односно со оваа реконструкција ќе биде опфатена водоводна мрежа со вкупна должина од 1.900 метри. Во новата водоводна мрежа ќе се постават полиетиленски цевки со разни профили. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри водоснабдувањето во овој дел од населеното место Горно Лисиче, каде што директна корист од новата водоводна мрежа ќе имаат 630 жители. За реконструкција на водоводната мрежа на улицата Ѓорѓи Капчев и на нејзините краци ЈП „Водовод и канализација“ ќе вложи околу 21 милион денари – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Аеродром Коневски изјави дека по реконструкцијата на водоводната мрежа, општината ќе пристапи на реконструкција на коловозот.
– Улицата „Ѓорѓи Капчев“ ќе се реконструира на потегот од крстосницата со улицата „Горно Лисиче“ до црквата „Свети Ѓорѓија“, на потег со вкупна должина од 1.500 метри и ширина од 6 метри. Со реконструкцијата на оваа улица очекуваме значително да се подобрат условите за живот и безбедноста во сообраќајот. За реализацијата на овој проект Општина Аеродром ќе вложи 15 милиони денари – изјави градоналачникот Коневски.
На реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ ќе работат екипите на ЈП „Водовод и канализација“, а се очекува градежните работи на водоводната мрежа да заврши до крајот на месец мај.
– Со овој проект се реконструира водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во должина од 1.500 метри, како и на 4