Пред почетокот на новата учебна година во неколку основни училишта во Кочани во завршна фаза се активностите за создавање услови за квалитетно изведување на наставата.Во Основното училиште „Никола Карев“ целосно е завршено белењето на училниците и кабинетите, а во основното училиште „Малина Поп Иванова“ во тек е реновирањето на неколкуте спортски терени во дворот, со поставување урбана опрема, стативи, кошови и нивно обележување.
Со грант од Владата на Јапонија во висина од 70.479 евра општина Кочани ги привршува активностите за целосно реновирање на зградата на Подрачното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог. Со реконструкцијата на училиштето заменет е покривот, добиена е нова фасада, а заменети се вратите и прозорците, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот.
-Овој проект ќе обезбеди модерна, енергетски ефикасна зграда со поквалитетни услови за работа и учење, изјави директорката на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Весна Зашова.
Училиштето во Горни Подлог работи во состав на ОУ „Св Кирил и Методиј“ од Кочани и е објект изграден пред 50 години, во кој посетуваат настава 130 ученици од прво до деветто одделение од селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.Во Основното училиште „Никола Карев“ целосно е завршено белењето на училниците и кабинетите, а во основното училиште „Малина Поп