На конференцијата за новинари на Бил де Блази за еболата, сите очи беа вперени кон толкувачот за знаковни јазици и неговиот драматичен настап.Додека градоначалникот на Њујорк зборуваше за првиот случај на ебола во тој град, долгокосиот маж давал се` од себе за ја прикаже сериозноста на ситуацијата.
Секој пат кога требало да се објасни поим со смртоносниот вирус, тој дополнително го нагласувал мавтајќи со рацете и правејќи гримаси.
„Толкувачот од њујоршката конференција е главна ѕвезда на шоуто. Неговите гестикулации се непроценливи“, искоментирал еден корисник на Твитер, додека друг напишал дека е „хипнотизиран од неговите движења“.
Иако градоначалникот ги убедувал новинарите дека нема место за паника, толкувачот очигледно мислел поинаку, па едвај се задржал на столчето во текот на објаснувањата.
Ескпертите потврдија дека станува збор за валиден знаковен јазик.
Погледнете го овој темпераментен човек:Додека градоначалникот на Њујорк зборуваше за првиот случај на ебола во тој град, долгокосиот маж давал се` од себе за ја прикаже сериозноста на си



