четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се санира големото свлечиште на патот Крива Паланка-село Дурачка Река

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ангажираше фирма за санација на големото свлечиште на патнипт правец Крива Паланка – село Дурачка Река. Работници и градежни машини интензивно работат на терен, а најавено е и решавање на проблемот со свлечиштето во село Станци.– Ова е поголем проблем кој го имаме подолго време на новоизграденито пат до село Станци. Свлечиштето настана по големото невреме и поројни дождови лани, а веќе беше истечен гарантниот рок за патот . Подолго време правевме испитувања на теренот и чекавме да се стабилизира земјиштето, по што преминавме на решавање на овој проблем, санација на свлечиштето и поставување габиони, информира градоначаникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Дополни дека се користи овој период на суво и стабилно време без врнежи да се санира комплетната зафатена површина.
– Свлечиштето претставуваше ризик и за минувачите, но и за жителите на населбата кои минуваат тука, посетителите и туристи во овој реон, но и оние кои имаат домови под самиот пат. Вложени се буџетски средтсва од општината и се надевам трајно ќе го отстраниме овој проблем,истакна Алексовски.
Свлечиштето пак, кое затрупа дел од локалниот пат во село Станци, рече, е круцијален проблем на кој постојано се работи.
– На патот до село Станци не може да се отстрани свлечиштето, станува збор за огромна маса земјиште и опасност да се активира повторно. Направивме т.н. бај-пас решение со премостување на пат преку Станечка река кој продолжува кон село Станци, додека во консултација со Министерството за транспорт и врски веќе се работи на изготвување проект за пробивање  нов пат до село Метов бидејќи постојниот не смее да се користи, додаде Алексовски.– Ова е поголем проблем кој го имаме подолго време на новоизграденито пат до село Станци. Свлечиштето настана по големото невреме и поројни д

Поврзани вести