Цревни и кожени заразни заболувања се регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци, објави порталот „Здравство24“.-Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожени заболувања и тоа што вчера викаа дека е алергија не е, тоа се бактериски инфекции, вели др. Ангела Мими Христов од Клиниката за Детски болести.
Од денеска од куќа во куќа каде што има хронично болни одат тимови од патронажни сестри. Им ја носат неопходната терапија која им била поплавена.
Министерот за здравство Никола Тодоров, вели дека преку Мој Термин ја добиле бројката на хронично болните.
-Ја следиме здравствената состојба. Овде има секакви екипи од здравствен аспект. И итна помош се тука постојано со своите возила, потенцира Тодоров.
На влезот во Стајковци е и пунктот на Брза Помош. Постојано имаат жители од селото кои бараат здравствена помош. Денеска во болница однеле само четворица.
-Доаѓаат поради крвниот притисок, или се во стресна состојба и бараат наша помош, вели лекарот од Брза Помош.
Топлото време е дополнителен проблем за ширење на заразните болести. Епидемиолозите апелираат на одржување на личната хигиена. Засега добра околност за погодените жители е што водата за пиење е безбедна.
-Можат да ја пијат безбедна е, но мора да мијат раце, да не јадат контаминирана храна, вели Михаил Кочубовски од ИЈЗ.
Од Министерството за здравство ќе побараат од Град Скопје дезинсекција на целиот регион.-Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожени заболувања и тоа што вчера викаа дека е алергија не е, тоа се бактер