Безнадежно е да бараме од лидерот на опозицијата да се откаже од нешто од кое невозможно е да се откаже. Тој е труден со платформата, и тоа во поодмината фаза, во 8-ми месец од бременоста, така што невозможно е истата да ја абортира.Пороѓајот може да се случи скоро, а секој пороѓај е крв до колена. Во овој случај породот ќе биде зијан до рамена. Што се однесува до решението тоа им е јасно на сите и гласи: Вонредни парламентарни избори заедно со локалните. Друга работа е нашата несреќа, што сме држава во која, замислете, власта бара вонредни избори, а опозицијата не сака !? Тоа е апсурд што не постои во колективната историска меморија на оваа планета. Од друга страна, нашиот народ собори еден друг, далеку пологичен рекорд: Повеќе од 150.000 луѓе секој ден веќе 3 недели протестираат мирно по улиците на повеќе од 30 градови низ Македонија. Велам мирно, бидејќи тоа се навистина мирни протести без дамка, но истовремено се овде и сега за да го поддржат и охрабрат државниот врв. Мирните протести се темелот и огледалото на нашиот соживот со сите граѓани на Репубика Македонија. Но, тоа не значи дека тој соживот со секој изминат здив не може да биде сериозно нарушен, слично на Босна, или уште полошо за жал… Мирните протести можат брзо да ескалираат и народот да ја преземе власта во свои раце, односно како што Србите рекоа за Милошевиќ „десио се народ“, или на Македонски јазик кажано да се случи народно востание. Меѓутоа Србите имаа на кого да му се „деси народот“. Кај нас во случајов кому би се „десил народ“??На Македонците, кои заведени од голата омраза кон Груевски би прифатиле да спијат и со Сатаната и да бидат оплодени од Сатаната, само и само да го нема Груевски? На албанците кои живеат во Македонија и на кои во моментов им е најтешко, зошто ако си молчат, ќе им се замери од Македонците, а доколку го прекршат молкот и се придружат на протестите ќе им се замери од Албанија?Ништо од ова горе наведено не е автентично.
Ќе треба да се „деси народ“ на туѓа платформа, создадена на тло на друга држава, наша соседска држава, со отворени аспирации кои стојат експлицитно во Албанската платформа. Или можеби да му се „деси народ“ на лидерот на најголемата опозицијата. Тоа би било поавтентично. Каде и да се „деси народот“ нема да биде наивно. Зошто ако не се постапи според Уставот во ситуацијава каква што е, а тоа е напад на суверенитетот според кој се доведува во прашање понатамошната егзистенција на Македонија, ќе се прекрши Уставот. Република Македонија е нападната. Македонскиот народ на мирните протести има право да го брани јазикот, оти според Хајдегер јазикот е куќа на Битието, според Хамлет е остатокот од молкот. Јазикот на секој човек е јазикот даден од Бога, синтеза на Музиката и Математиката според Питагора. И кои сме ние, вие или тие да ни го одземат она што ни е дадено од Бога?!Дали ни објавија војна предавниците од Македонија за плен или од инает, се борат да му пцовиса козата на комшијата од ќеф или од каприц, да звучам малку европски. Од сопствената немоќ и од немоќта да се засакаат себе си, нас не нарекоа ружни и небањати, и нанесоа страдања на трети. Пред две години спиеја во шатори во името на љубовта, а сега се полни омраза и горчина. Како пак тогаш да беа полни љубов. Ја измамија и љубовта. Но и таа нив ги измами. На лицето им се гледа. Дури се спротивставија на сопствената вера. Објавија војна и на МПЦ, столбот на секоја држава. Во меѓувреме, штом објавија војна на нашата црква, верувам дека се откажаа од сопствената вера. Надевајќи се дека во туѓата вера ќе го најдат спасот од нивниот очај. Така што тие што ни ја објавија специјалната војна, се прашувам дали се чувствуваат како македонци, (овде не ме интересира платформата, тие што ја создале само нашле плодна почва за таа да созрее и никне). Мене ме интересираат тие што ја изораа почвата.Омразата која ја посеаја, со јасна намера да ги остварат нивните пеколни и монструозни цели до крај, а тие се- Геноцид на целиот Македонски народ, држава, вера и цивилизација, во моментов им нуди огромно задоволство на нивните коалициони партнери или поединци од општеството кои една антимакедонска изјава ги прави да се почувствуваат како богови.
И во едно сум сигурна во моментов. Најженски да се изразам. Ќе бидат проколнати од македонските мајки сите оние кои ќе допуштат да се сотре јазикот, името и идентитетот на Македонија.Од друга страна, на психолошки план, омразата неретко е заслужна за многу обединувања. Овој пат обединувања кои нема да бидат против некого или нешто туку ЗА. ЗА МАКЕДОНИЈА.И да, да не заборавам, умира времето кога од кретени ќе правиме величини.Среќа е она за кое што стануваме свесни во моментот кога го губиме. Македонија нема да ја изгубиме. Среќни сме.Д-р Мери ГеоргиевскаПороѓајот може да се случи скоро, а секој пороѓај е крв до колена. Во овој случај породот ќе биде зијан до рамена. Што се однесува