На 04.11.2016 година во 19:35 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село делница од с.Босилово до с.Турново, се случила сообраќајна незгода помеѓу Трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од с.Сарај и возило „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(50) од Струмица.Во незгодата со тешки телесни повреди (крварење во мозокот, скршеница на челна коска, фрактура на горна вилица) се здобил сопатникот во возилото, Ј.М.(78) од Ново Село.
На истиот му била укажана лекарска помош во Медицински Центар-Струмица, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување на клиниката за Неврохирургија во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле двата возачи, кои по укажаната лекарска помош во Струмица се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица за БПС-Струмица.
Од 20:30 до 22:40 часот сообраќајот бил во прекин.Во незгодата со тешки телесни повреди (крварење во мозокот, скршеница на челна коска, фрактура на горна вилица) се здобил сопатникот во возилото, Ј