СЕ ТРАНСФОРМИРАЛА: Ова е СОВЕТОТ од девојка која ослабела 50 кг

Прочитавме секакви тајни за успешно слабеење, но оваа која ја промовира Џени Јан – Худек сигурно е една од најдобрите.Оваа приказна сигурно ќе им биде позната на сите кои се борат со вишок килограми. Пред две години Џени имала 130 килограми и неуспешно се обидувала да ослабне. По професија е медицинска сестра и добро знае какви се последиците од дебелината, но ниту тоа не ѝ помогнало да ги изгуби несаканите килограми.
Сè се променило кога на крајот од 2013 година завршила во болница поради проблеми со дишењето. Тогаш за прв пат сфатила која е најголемата грешка која ја правела во текот на сите свои диети – наместо да слабее поради здравјето, се обидувала да ги изгуби килограмите само поради изгледот.

Таа смета дека токму тоа била причината која и` го саботирала процесот на слабеење. Дури кога станала свесна за тоа што дебелината му прави на нејзиното здравје, донела цврста одлука за промена на начинот на исхрана.
Џени тврди дека здравјето би требало да биде главната и единствена цел на сите луѓе кои се борат со килограмите, но претежно е полесно да се биде фкусиран на конфекциските броеви и тесната половина.
„Немојте да гладувате“, е нејзиниот главен совет за сите оние кои се обидуваат да ослабат.
Продолжува на следната страна…

 

„Започнав да вежбам дома со пријателка. Бев во толку лоша форма, што после првиот тренинг не можев да се помрднам пет дена. Вежбавме и понатаму, а после секој тренинг моето закрепнување беше пократко“, искрено признава Џени.
Секако, го променила и начинот на исхрана која била составена од пици, леб, тестенини и брза храна.
Таа одлучила да ја исфрли однапред зготвената или замрзната храна и сите преработени намирници и да ги замени со здрави намирници. Повеќе не пиела газирани сокови, наместо нив почнала да пие многу вода и чаеви.

Однапред ги планирала сите свои оброци за да заштеди на време и благодарение на тоа никогаш не била гладна.
„Што се однесува до мојата крајна цел, сфатив дека не постои крај на оваа трка. Важно е само да останам здрава и тоа е планот до кој ќе се држам“, заклучува одлучната Џени.
 Оваа приказна сигурно ќе им биде позната на сите кои се борат со вишок килограми. Пред две години Џени имала 130 килограми и неуспешно се обидувала

Пронајдете не на следниве мрежи: