Подрачното училиште „Блаже Конески“ во населбата Варош ќе добие ново партерно уредување на дворот. Средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, а инвестицијата чини 1,5 милиони денари. Проектот опфаќа уредување на дворното место, поставување на бехатон плочки, како и ограден ѕид.„Да напоменам тоа дека дворот на ова училиште за прв пат се уредува во неговата историја. Освен што ќе бидат поставени бехатон плочки, дел од дворот ќе биде асфалтиран и на тоа место ќе биде направено баскет игралиште кое, освен учениците, ќе можат да го користат и сите други спортисти и ентузијасти од оваа населба. И нема да застанеме тука со оваа инвестиција, која е прва фаза од целиот проект. Во втората фаза ќе одиме со инвестиција од уште 2 милиони денари за комплетно дозаградување на училиштето, средување на потпорниот ѕид и хортикултурно уредување на дворот. Досега во ова училиште имаме инвестирано 6 милиони денари, со што комплетно се уредени неговиот внатрешен и надворешен дел, вклучувајќи го тука покривот, инвентарот, подовите, тоалетите, а се поставени и нови прозорци за енергетска ефикасност“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Во ова училиште учат околу 100 деца, распределени во 5 паралелки со по 20-тина деца. „Многу ми е драго што се реализираат овие проекти. Во 2008 година се реновираше покривот и санитарните јазли во висина од 1.800.000 денари. Во 2013 година беа одделени 2.000.000 денари за комплетно реновирање на подови, ѕидови, тавани и енергетски прозорци, а сега се уредува дворното место. Ова е едно од најстарите училишта во градот и се надевам дека и самите ученици и вработени ќе бидат задоволни со сите овие проекти кои се реализираат тука со поддршка на локалната самоуправа од Прилеп“, истакна Марија Дулеска, директор на ООУ „Блаже Конески“.
Инаку овој објектот е изграден во 1926 година и после скоро еден век инвестициите што ги направи оваа локална самоуправа се воопшто првите инвестиции и реконструкции во училиштето откако тоа е изградено.
„Да напоменам тоа дека дворот на ова училиште за прв пат се уредува во неговата историја. Освен што ќе бидат поставени бехатон плочки, д
Пронајдете не на следниве мрежи: