Архангел Михаил е „водачот на небесните војски“ кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црквените преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува „оној кој е како Бог“. На грчки јазик зборот „архи“ значи главен, прв, а „ангелос“ значи весник, ангел.
Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.
Постојат многу народни верувања за овој ангел. велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе-не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.
Се слави наесен, а по народнот верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време-време на зима и зимски тепкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.
Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.
Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.
Дали Аранжеловден ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза зависи од тоа на кој ден се паѓа. Ако се падне во среда или петок, тогаш треба да биде посна, а пченицата е задолжителна.Според црквените преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува „оној кој