Се запали цистерна со 35.000 литри бензин на автопатот Белград-Ниш

Камион-цистерна на белградска транспортна компанија што превезувал 35.000 литри бензини, се запали минатата ноќ на автопатот Белград-Ниш кај мостот на Морава меѓу Јагодина и Ќуприја.Полицијата од Сбија сооппшти дека при инцидентот нема загинати или повредени лица, а дека пожарот бил изгаснат за околу еден час. Како што јави Танјуг, возачот на цистерната изјавил дека не знае како дошло до пожарот.
– Во еден момент почувствував пламен позади себe, го паркирав камиoнот и повикав полиција и пожарникари – изјави возачот.
Поради пожарот сообраќајот на оваа делница од автопатот неколку часа беше во прекин, а возилата беа пренасочувани на локалниот пат Ќуприја-Јагодина.
Според противпожарната служба, при огнот изгореле околу 15.000 литри бензин, а пожарникарите успеалe „да ги спасат“ останатите 20.000 литри.
 Полицијата од Сбија сооппшти дека при инцидентот нема загинати или повредени лица, а дека пожарот бил изгаснат за окол

Пронајдете не на следниве мрежи: