Се запознале по 42 години допишување

Сè започнало случајно, тие биле деца од 12 и 14 години кога ги размениле своите први писма.Џорџ Госон (56) од Лонг Ајленд се упатил кон Сан Диего, со цел да ја запознае Лори Герц (54) со која се допишувал повеќе од четири децении, а запознавањето било прекрасно. 
Ова е втор пат како тие се гледаат, а првата средба била кон почетокот на април кога таа го одвела својот син во Њујорк да го посети универзитетот Хофстра. Тие се сретнале во локалниот хотел и двајцата прснале во плач.
Имале само 12 односно 14 години кога почнале да се допишуваат и тоа преку некој ланец на писма, пренесува “Inside Edition”.
“Мислам дека секој требаше да напише по шест писма и да добие назад стотици. Јас добив само едно”, вели Лори. Оттогаш тие си испраќале по едно писмо месечно.

Кога Џорџ дошол во посета, тој ѝ го покажал првото писмо која таа му го испратила. Во писмото стоело: “Здраво Џорџ. Колку години имаш? Јас имам 12 и пол. Дали имаш брат или сестра?”.
Лори, мајка на две деца, ги сочувала сите писма која ги добила од Џорџ бидејќи тие се ризница на посебни моменти и хронологија на минатото време.
“Џорџ е суеверен. Тој мислеше дека ќе нè следи несреќа доколку некогаш се запознаеме”, вели таа. Џорџ сметал дека нема да ѝ се допадне, а во текот на посетата тој го запознал и сопругот на Лори. 
“Тој е како одамна изгубен член на фамилија”, вака го опишал сопругот на Лори нејзиниот пријател.
Во текот на неговата посета, тие биле примени во локалното средно училиште каде на генерациите кои знаат само за електронска пошта и СМС пораки им зборувале за овa старомодно пријателство кое успешно се одржувало преку хартија и пенкало.
“Имам чувство како да пораснавме заедно”, вели Лори.
 
Џорџ Госон (56) од Лонг Ајленд се упатил кон Сан Диего, со цел да ја запознае Лори Герц (54) со која се допишувал повеќе од четири децении, а запоз

Пронајдете не на следниве мрежи: