Општина Берово започнува со реализација на уште еден инфраструктурен проект како дел од превентивните мерки за заштита на локалните патишта во општината.Се работи за проектот „Изградба на ѕидови на локалниот пат Студенец – с.Двориште“ преку кој ќе бидат изградени потпорни заштитни ѕидови во должина од 106 метри со променлива височина во зависност од теренот од 2 до 3 метри.
Потребата за реализација на овој проект е заштита на локалниот пат Студенец – с.Двориште изграден преку средства од Владата на РМ во 2014 година, поради можноста од поткопување и оштетување на асфалтната конструкција од надоаѓањето на поголеми количини на вода во Студенечка река која оди паралелно со патот.
Ѕидовите ќе бидат во широчина од 30 сантиметри со монтирање на мрежаста арматура и со сите предвидени стандарди за изградба на вакви овјекти во близина на водотеци.Се работи за проектот „Изградба на ѕидови на локалниот пат Студенец – с.Двориште“ преку кој ќе бидат изградени потпорни заштитни