Седнавме со другарка ми да се одмориме на клупа, а потоа се појави човек и…

Седев на клупа со другарка во близина на Железничката станица, тогаш ненадејно се појави тој човек и нѐ зграпчи. Ни ги врза нозете со кошула која претходно ја искина и ја подели на неколку делови. Бевме збунети и шокирани. Нѐ мачеше, нѐ малтретираше повеќе од 4 часа. Којзнае уште сѐ што ќе се случуваше да не дојдеше еден вработен за поправка на возовите, кој веднаш повика полиција.Со овие зборови започнува исповеста на А.Ј. од Књажевац, која со својата другарка беа киднапирани од лицето М.Џ. кој по повеќечасовна драма беше уапсен, а девојките ослободени без повреди.
Несекојдневната ситуација се случила во понеделникот околу 23:30 часот на Железничката станица кога двете девојчиња се враќале дома после град.
Ни нареди да молчиме…
„Седнавме на клупа да одмориме, тогаш ни пријде постар човек кој ни нареди да му ги дадеме телефоните кои потоа ги стави во една торба. Го гледавме збунето, но набрзо сфативме дека е пијан. Тогаш ја грабна мојата другарка за рака, а јас искористив да избегам, но ме бутна назад и ни нареди на молчиме. Ја соблече од себе кошулата ја искина и ни ги врза нозете. Потоа зема јаже и ни ги врза рацете“, раскажува А.Ј. и додава:
„Се претстави како полицаец и ни нареди дека мора да нѐ врзе додека не пристигне другата екипа. Потоа ни зборуваше за некој пријател и ни покажуваше колку е убав возот кој воопшто не ни беше таму. Кажуваше дека го чекал пријателот и дека сите заедно ќе заминеме во Неготин. Тортурата траеше 4 часа, а ние две молчевме од страв. Никој за тоа време не се појави, ниту можеше некој да не слушне ако баравме помош.“
Соговорникот кој го раскажа случајот вели дека киднаперот земал стап и почнал да удира по вратите на просториите кои биле во близина, за цела среќа тоа го слушнал дежурниот за поправка на возовите и го прашал зошто го прави тоа. Потоа повикал полиција и за две минути пристигнале полицајците, него го уапсиле, а нив ги пуштиле да си одат дома.
Мајката на едното од девојчињата вели дека не може да верува дека некој може да ги нападне во центарот на градот.
„Кога слушнав што се случило останав шокирана со оглед на можноста дека можеби нашата ќерка не би ја виделе никогаш повторно“.
По апсењето тој ги збунил полицајците со неговата изјава бидејќи изјавил дека тој ги врзал поради терористите.
„Морав да го направам тоа, да ги врзам, додека не дојде засилување, верував дека терористи сакаат да го кренат возот во воздух, па наредено ми беше да ги спречам по секоја цена“, изјавил М.Џ. во полициската станица.Со овие зборови започнува исповеста на А.Ј. од Књажевац, која со својата другарка беа киднапирани од лицето М.Џ. кој по повеќечасовна драма беше уа

Пронајдете не на следниве мрежи: