Седум нешта без кои не можете на плажа

Мрежаста туника или проѕирно фустанче? Едвај може да се одговори што изгледа по секси за на плажа. Особено во комбинација со бронзен тен, распуштена коса и поглед вперен во хоризонтот. Облеката за на плажа и аксесоарите колку што се симпатични, толку се и корисни. Затоа, кога ги пакувате куферите за на плажа не заборавајте да си понесете и…
Голем и широк шешир
Предностите од нејзиното носење се очигледни – ги штити не само лицето, туку и рамената од разиграното сонце. А уште повеќе внесува шик и харизма на плажа. Шапката со огромна периферија, без разлика дали од слама или текстил одамна се смета за атрибут на 100-процентната дама.

 Туника
Лесна и непоправливо уметничка, создава сексапил со етно вкус. Понесете туника од чист памук или кенар, за да се чувствувате максимално удобно покрај брановите. Ако сте заробеник на егзотиката, за вас се препорачува туниката да биде со витални бои, шарени цветови или пак јака жолта боја. Загарантирано ви е најромантично расположение. Комбинирајте со едноставнен и соодветен накит.

Макси кошула Има нешто посебно во жената која е облечена во сосема „случајно“ закопчана кошула. Така е од времето на Ким Бесинџер во “Девет и пол недели”. Eден од начините да блеснете на плажа е токму оваа облека. Кошулата од памук или лен стои подеднакво спектакуларно со пар бикини крај морето и тексас шорцеви во ноќниот клуб.

Голема марама Зборуваме за марама од свила, од кој за помалку од една минута може да создаде мини здолниште или тесна блузичка. Внимавајте каде ќе направите јазли – на градите, стомакот или колковите, бидејќи нормално дека погледите ќе бидат вперени токму таму.

Фустанче за на плажа Воопшто не е важно дали е долго или кратко, дали е блескаво бело или во секакви тропски бои, дали е од памук или вештачка материја. Најважно е да се облекува и соблекува за еден миг!
Широка наметка Идеална партнерка на костимот за капење може да биде цветната или сосема едноставната широка наметка. Таа е егзотична и ненадминлива во мисијата за криење на проблематичните области. Примамливо завиткана околу колковите или градите, ова едноставно парче ткаенина моментално внесува веј од Карибите и на далеку од плажата.

Чадор за на плажа Ако не ви се носи облека на плажа, тоа е совршено решение да се скриете од сонцето, барем за катко. Чадорот за на плажа е одраз на вашиот сопствен стил – од трска, еднобоен или  шарен… Во тон со расположението, кое ве одзема штом ќе го видите сончевиот брег.
Се  подотвивте ли за на плажа? Доколку се уште не сте, време е да почнете.Мрежаста туника или проѕирно фустанче? Едвај може да се одговори што изгледа по секси за на плажа. Особено во комбинац

Пронајдете не на следниве мрежи: