Седум причини зошто е добро да немате дечко

Понекогаш сингл девојките се чувствуваат депресивно поради тоа што немаат дечко покрај себе што ќе ги сака и ќе се грижи за нив онака како што сакаат. Но, нема никаква потреба од депресии, бидејќи и сингл животот може да биде доста возбудлив и убав.
Еве седум причини зошто е убаво да сте сингл и без дечко покрај себе:
1. Отворено флертувањеДоколку сте сингл, секогаш може отворено да флертувате без да се плашите дека вашиот дечко може да дознае. Флертувањето само уште повеќе ја зголемува самодовербата и може да ве направи среќни и задоволни. 2. Задоволство без срамДоколку сте девојка која со прсти сака да јаде од теглата еурокрем, да си ги остави чорапите онаму каде што не им е местото или да не измие садови подолго време, тогаш дефинитивно е многу поубаво да сте без дечко. Понекогаш некои работи ни причинуваат задоволство како горенаведените, па зошто да се срамиме да ги правиме, кога имаме дечко покрај себе?3. Секогаш достапни за пријателиКога сте со дечко, најчесто причинува голем проблем секогаш да бидете достапни за своите пријатели. Па, еве уште една причина зошто е убаво да немате дечко. Секогаш ќе можете да излезете на кафе сос воите пријатели, на пијачка или на ручек. Секогаш можете да правите глупости со нив и да имате незаборавни и луди излегувања, без да се стискате или да се прашувате дали вашиот дечко ќе дознае за тоа. 4. Слобода од неговите родителиПаровите отсекогаш сакале да се запознаваат со родителите. Доколку сте сингл, ова е една од работите кои ќе ви изгледаат како најдобри, бидејќи ќе нема да мора секогаш кога ќе отидете кај него да ви биде непријатно, или па тој кога ќе дојде кај вас да се плашите дали вашите родители ќе ве затегнат во „незгодна ситуација“. 5. Вие сте спонтаниАко сакате да одите во кино, можете да го стори тоа без никакви проблеми, дополнителни објаснувања, расправии во текот на избор на филмови на големиот екран. Едноставно ќе можете да уживате во спонтаните работи кои ви се случуват во текот на денот или кои ќе ви паднат на памет во моментот. 6. Не се во лоша врскаПодобро е да се биде сам, отколку во врска која не ве исполнува. Подобро е да си сам отколку да имаш болна љубов. Ова се само неколку факти кои покажуваат дека подобро е да си сам отколку да имаш лоша врска и да страдаш во истата. Уживај во слободата, бидејќи кога тогаш ќе се појави оној кој те заслужува вистински. 7. Човекот на вашиот живот е таму некадеМожеби човекот – оној вистинскиот за вас е веднаш зад аголот. Па, зошто тогаш да запаѓате во депресии и разочарувања дека можеби сите ваши пријателки имаат дечко, а вие не? Верувајте дека ќе го најдете оној вистинскиот за вас и тоа навистина ќе се случи, кога најмалку ќе очекувате.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Понекогаш сингл девојките се чувствуваат депресивно поради тоа што немаат дечко покрај себе што ќе ги сака и ќе се гри

Пронајдете не на следниве мрежи: