Седум „мрсни“ храни кои ќе ви помогнат во слабеењето

Колку и да звучи контрадикторно, но, да-постои „мрсна“ храна која може ви помогне при слабеењето. Диетите кои пропагираат исхрана без масти подразбираат исклучување на секаква храна која содржи масти. Но тоа е апсолутно погрешно, зошто со исфрлањето на сите масти од исхраната ќе му ги скратите на организмот и добрите масти кои се исклучително важни за рамнотежата на хормоните и нивото на шеќерот.
Еве примери за 7 „мрсни“ храни кои всушност ќе ви помогнат во слабеењето:
Супер темно чоколадо (најмалку 72% какао) – Темното чоколадо (НЕ млечно чоколадо) може да биде многу здрава храна, иако е технички густо со калории. Само еден или два реда темно чоколадо може да ја задоволи вашата желба за благо и со тоа да внесете 30-40 калории наместо 500-600 калории од парче торта. Има брендови чии производи содржат висока содржина влакна а ниски шеќери, што го прави чоколадото високо квалитетно. Овој трик можете да го користете при изборот на чоколадото. Во содржината треба да има здрави масти, а оние кои имаат адитиви и додадени масти-одбегнувајте ги. Неделната количина не ја преминувајте преку 200 г.

Кокосово млеко, кокосово брашно, и кокосово масло- Одлични извори на супер здрави заситени масти и моќни хранливи материи за вашиот имун систем. Лесно апсорбирачки од страна на организмот со помала веројатност дека ќе се складираат како резервни масти, за разлика од другите масти и транс-мастите. Кокосовото брашно е богато со висока количина влакна и е одлична замена за другите брашна. (Речиси сите од јагленохидратите во оваа брашно се влакна и а не се скроб!). Кокосовото брашно е богато со протеини и е без глутен. Но внимавајте, морате да го мешате со некое друго брашно при подготовка на некое печиво.

Вистински путер-а не маргарин. Природниот путер содржи високо ниво здрави масти кои имаат анти-канцер својства и помагаат при согорување на масните наслаги и изградба на мускулите. Има идеална рамнотежа на омега 3-6 масни киселини кои помагаат при рамнотежа на хормоните и при воспалителни процеси. И што е најважно, го задоволува вашиот апетит!

Цело јајце-вклучувајќи ја и жолчката. Јајцата се познати како висок извор на протеини, но повеќето не знаат дека во жолчките се наоѓаат најхранливите состојки(витамини, минерали, антиоксидаси). Жолчките содржат повеќе од 90% калциум, железо, фосфор, цинк, тиамин, Б6, фолна киселина, и Б12 и пантотенска киселина. Покрај тоа ги содржи сите витамини растворливи во масти: А, Д, Е и К, како и сите есенцијални масни киселини. Меѓутоа, одберете органски јајца од кокошки кои слободно шетаат и се хранат здраво. Во спротивно, одбегнувајте ги индустриските јајца кои се повеќе штетни отколку здрави.

Домашно говедско-кое е носено на пасиште. Повеќето луѓе се убедени дека црвеното месо не е здраво, но тоа важи само за месото од „нездраво“ животно. Типичното говедско кое можете да го купите од месарите е месо кое потекнува од животно хрането со житарки, главно пченка и соја, кои се најчесто генетски модифицирани. Оваа храна не е природната храна на говедата и затоа во нивното месо нема добра рамнотежа на хормони и масти и постои опасност од ширење на бактеријата е-коли. Од друга страна, природното говедско има висока содржина омега-3 масни киселини, витамин Е, здрави масти (линолова киселина) и висок квалитет на протеини кои помагаат во изградбата на мускулите и согорување на масните наслаги.

Авокадо-иако се смета за „мрсно и калорично“ авокадото е вистинска бомба од здрави масти! Не само што ова овошје е богато со супер мононезаситени масти, витамини, минерали, микро-хранливи материи и антиоксиданси, квалитетната доза на здрави масти, влакна и микронутриенти, му помагаат на вашето тело во одржување на  хормоналното ниво, во согорувањето на масните наслаги и јакнењето на мускулите а при тоа ве одржува сити.

Јаткасти плодови- ореви, бадеми, лешници, ф’стаци, пекан, бразилски ореви, макадам и др. Јаткастите плодови содржат 75-90% масти и се доста калорични, меѓутоа тие се уште еден вид храна која е богата со здрави масти, заедно со високите нивоа на микронутриенти како што се витамини, минерали и антиоксиданси. Тие се добар извор на влакна и протеини кои помагаат во контролата на шеќерот и во согорувањето на масните наслаги. Јаткастите плодови можат да бидат одлична замена за нездравите грицки, кои ќе ви обезбедат ситост помеѓу оброците.Диетите кои пропагираат исхрана без масти подразбираат исклучување на секаква храна која содржи масти. Но тоа е апсолутно погрешно, зошто со исфрла

Пронајдете не на следниве мрежи: